Хуманитарен настан по повод Денот на срцето во Охрид

- Здравје, Локални
1085

Започнете го денот со ветување за добро дело.  Нека тој ден биде недела (07.10.2018). Почнувајќи од 12:00 часот, во недела во кафе-бар Objectif во Охрид сите хумани луѓе ќе имаат можност да донираат средства и да спасат животи. Собраните средства ќе бидат наменети за Фондот за деца со здравствени проблеми од социјално ранлива категорија.  Оваа хуманитарна акција се одржува во рамките на одбележување на Светскиот ден на срцето чие што мото е „И моето срце, и твоето срце“. Организатор на настанот е Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.

Донирајте го своето кафе за сите срца на светот.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари