Хуманитарна забава за помош на Јана Арсовска во Охрид

- Локални
837

Во недела, 19-ти август ќе се одржи голема хуманитарна забава за помош на Јана Арсовска.

Со почеток во 20:00 часот, забавата ќе се одржи на бродовите „Александрија 1 и 2“, „Галеб“ и „Кристина Ројал“. Ќе настапат групата Shine (Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов), групата Batler, Dj Face и други.

– Нашата драга Јана повторно се наоѓа на лекување во Германија, на малтешката клиника во Фленсбург, и во следниот период треба да и се изврши трансплатација на коскена срж. Со цел да го помогнеме нејзиното лекување, како и престојната медикаментска фаза и идните контроли кои треба да се прават во клиниката, ја организираме оваа хуманитарна забава, и се надеваме дека и Вие ќе помогнете со вашето присуство и хуманост. Билетите за овој настан ќе се продаваат на пултот од бродовите „Александрија“ на градското пристаниште во Охрид, од четврток 16.08.2018 до сабота 18.08.2018, во периодот од 10:00 часот до 22:00 часот, по симболична цена од 200 денари. Вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците ќе се префрлат на трансакциската сметка на нашата Јана, информираат организаторите.

Тие апелираат сите кои можат да донираат средства, истото да го направат на следниот начин:

Име и презиме : Јана Арсовска
Адреса : Ѓорче Петров 14 г
Сметка 530500010490410 – Охридска банка
Дознака: Донација

Контакт и информации на: 077/854-758 и 070/374-103.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари