Илче Перески е новиот тренер на ФК Караорман

- Локални, Спорт
934

Илче Перески е новиот тренер на ФК Караорман. Под негово водство започнаа и подготовките  за пролетниот дел од сезоната.

,,Започнавме со интензивни тренинзи, работиме напорно , нашата главна цел е освојување на првото место и влез во Втората МФЛ. Почнаа да се шират шпекулации дека од таа амбиција сме се откажале, но тоа не е точно. Работиме со голема мотивација. Закажавме неколку контролни натпревари со кои ќе ја провериме подготвеноста.“ -изјави Перески за Strugaonline.

Илче Перески пред се е искусен фудбалер со интернационална успешна кариреа. Неговата фудбалска приказна започнала во ,,Напредок“ -Ложани, потоа играл за ,,Караорман“. За време на успешната кариера играше и во клубовите ,,Персеполис“ и ,,Киш“ во Иран, а потоа и во ,,Хрватска“. ФК ,,Караорман“ е клубот во кој секогаш се враќал, овој пат како тренер кој има амбиција своите фудбалери да ги носи во нови победи.

Strugaonline

Facebook Коментари