Искусниот Бобан Блажески се враќа дома, ќе го носи дресот на РК Струга

- Локални, Спорт
441

Стружанецот Бобан Блажески кој важи за еден од најголемите ракометни таленти oд нашиот град,  се враќа во својот матичен клуб-РК Струга.

Тимот на Струга минатата сезона избори пласман во плеј-офот на Суперлигата, а во целта годинава да го повтори тој успех, од голема помош ќе биде токму Блажески на неговата позиција десно крило.

Блажески од 2016 година  го носеше дресот на Охрид, освен за Струга и Охрид, има настапувано за  Куманово, Радовиш, МРК Вардар и Пелистер.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари