Ива Чолаковска од Струга сега е во редовите на шампионот ,,Баскет Кам“ во Македонска Каменица

- Локални, Спорт
704

Младата репрезентативка, стружанката Ива Чолаковска се сели во редовите на актуелнот шампион, тимот на ЖКК Баскет Кам, екипа од Македонска Каменица.

Чолакоска е една од струшките таленти кои кариерата ја започнаа во редовите на ЖКК Струга 2009 , една сезона играше за скопски Вардар, а изминатава половина сезона беше во редовите на Работнички.

Чолакоска е родена 2003 та година, висока е 182 см, дел е  од јуниорската и  сениорската репрезентација на Македонија, а сега му се придружи на актуелниот шампион и освојувач на кошаркарски куп на Македонија во женска конкуренција, ,,Баскет Кам“.

Тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ, Ива ја опишува како гордост на Струга, една од најдобрите кошаркарки од нашиот град.

,,Станува збор за бек шутер, но можам да кажам дека Ива е поливалентен играч, кошаркарка која може да покрие повеќе позиции. Има изразен инстинкт во нападот и има одличен шут во поле. Горд сум на неа и и посакувам многу среќа во кариерата, изјави Ѓоровиќ.

Интересно е тоа што Ива беше дел од познатата екипа 2003/2004 во ЖКК Струга 2009 што немаше ниту еден пораз во период од три години.

Strugaonline

Facebook Коментари