Изложба на книги во чест на Св. Климент Охридски во Охрид

- Локални
28

Во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре – среда во 17:00 часот на свечен начин ќе ја отвори изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“.

Ќе бидат изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.

Преку изложбата ќе се види континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па се’ до денес.

Во рамките на настанот ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.

Извор и фото: НУ Библиотека „Григор Прличев“  Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари