Изложбата „100 години од Македонскиот фронт“ наскоро во Струга

- Локални
90

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (фоаје), на 19-ти и 20-ти ноември од 10:00 до 13:00 часот, ќе биде поставена изложбата „100 години од Македонскиот фронт – Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ .
Изложбата е со патувачки карактер и е во организација на АНИМ – Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија, ќе биде изложена во Завод Музеј на град Битола, Музеј на град Прилеп, Порта Македонија во Скопје, а за подоцна се планирани и други градови ширум Република Македонија.

Влезот ќе биде слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари