Јане Петков (човекот амфибија) ќе одржи уникатно предавање во Охрид

- Занимливо, Локални
934

Јане Петков-човекот амфибија кој на 24 јули 2018 година во Охридското езеро ќе се обиде да постави нов Гинисов рекорд со препливување на 3500 м. во вреќа и врзан со ланци, за охриѓани и гостите ќе одржи интересно и уникатно предавање на кое ќе ги презентира посебните техники на дишење, концентрација и контрола на мислата, кои ги практикува при изведувањето на овој подвиг и воопшто како начин на живот.


Предавањето е во организација на Црвен крст Охрид и ќе се реализира на 17.07.2018 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 19:00 часот.
„Настанот е од отворен тип и добредојдени се сите оние кои имаат желба да слушнат корисни совети и научат и применат проверени вештини за здраво и долго живеење. “ -велат од Црвен крст Охрид.
Само за потсетување, Јане Петков роден 1954 година, постави Гинисов рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2388 м. за време од 2ч.55м.47с., токму ва Охридското езеро, на патека Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.
Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил индиецот Гопал Карви со препливани 3071 м. во Индискиот океан на 1.12.2013 година.
За сите дополнителни информации и детали ви стоиме на располагање.

Strugaonline

Facebook Коментари