Јавна дебата за унапредување на правата на заедниците утре во Охрид

- Локални
911

Утре во Охрид ќе се одржи дебата на тема „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи“ 

Настанот е во организација на  Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“  и Агенција за остварување на правата на заедниците  ќе се одржи утре во Охрид.

На јавната дебата излагања ќе имаат вд директорот наАгенција за остварување на правата на заедниците м-р Илхан Рахман,д-р Сретен Коцески од Институт за развој на заедницата од Тетово и проф.др Рубин Земон од Универзитет Евро-Балкан од Скопје.Модератор на настанот ќе биде претседателот на Здружението Инклузија Вахид Мемед .

Почетокот на дебатата е закажан за во 13:00 часот во големата сала на Општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари