Јован N1GHTMARE” Деребаноски од Струга е дел од тимот кој победи на CSadria Championship

- Локални
3071

Јован N1GHTMARE” Деребаноски од Струга е дел од победничкиот тим кој ја освои првата награда на CSadria Championship кој се одржа на 3 јуни во Загреб (Хрватска) . Во интервју за CSadria.org Деребаноски вели дека низ годините наназад играјќи CS, научил дека одржувањето на “ладна глава”  и тогаш кога не се игра најдобро е вистинската формула за успеx.

Во интервјуто додава дека последниве три месеци пред натпреварот воопшто не играл кантер и дека му треба време за да се врати во форма, но резултатите кои ги постигна со тимот „RESISTANCE“ говорат дека е талентиран и успешен.

Јован N1GHTMARE” Деребаноски кариерата ја започнал во  струшката екипата „Dark side“, потоа играл во тимот на simpleX од Скопје, за подоцна да биде еден од создавачите на Балканската екипа „ENTiTY“. Заедно со своите екипи има учествувано на World Cyber Games во Лос Анџелес, Кина, Полска и други земји.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари