ЈП „Комунално” со нови мерки за рециклирање на отпадот

- Локални
1781

Општина Струга објави соопштение за новите мерки за рециклирање на отпад од страна на „ЈП Комунално“. Во соопштението стои:

„ЈП “Комунално” презеде акција за потставување на 15 контејнери за акумулација и рециклирање на отпад од стакло.

Контејнерите со капацитет 1.5 м3 ќе се потстават на разни локации на градот.“

Од општината исто така информираат дека  ќе се додели нова опрема, односно 50 мали канти за приватниот сектор ( кафе бар и клубови) токму за ова намера, рециклирање на отпадот од стакло.

Извор: Општина Струга\Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари