Кабаре „2 Mothers Brothers“ во понеделник на сцената во Струга

- Забава, Локални
750

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 08.10.2018 (понеделник), со почеток во 20:00 часот, кабарето „2 Mothers Brothers“  ќе настапи на меѓусцената при Центарот за култура во Струга (влез од кај летната сцена).


Кабарето се изведува во склоп на проектот “Нов Културен Бран“ – 2018 и влезот е бесплатен

Тоа е неверојатна комедија која не смее да се пропушти!
2 MOTHERS BROTHERS или ОД ДВЕ МАЈКИ БРАЌА (што го поставува прашањето што правел во меѓу време таткото) е комично кабаре составено од динамичното дуо Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. 75 минути жестока комедија која ги исмева сите оние кои се обидуваат да забранат слободно да се говори, истото збогатено со авторски песни и пародија на познати песни.

Strugaonline

Facebook Коментари