ТОП Вести

Кадетите на КЛ7 Струга славеа во градското дерби

- Локални, Спорт
83

Кадетите на КЛ7 Струга ја продолжија својата победничка низа во кадетската лига. Десетата победа по ред ја забележаа над градскиот ривал РК Струга со резултат 28:25.

Натпреварот не започна во посакуваниот правец за КЛ7, РК Струга отвори со серија од 0:3, а кадетите на КЛ7, за првиот гол чекаа 10 минути,  две минути подоцна дојдоа и до израмнување односно 3:3. Се до крајот на првиот дел се играше гол за гол и цврство во одбрана, на крај двете екипи замина со нерешен резултат 12:12.

Првиот дел од второто полувреме продолжи да се игра гол за гол се до 42. минути кога КЛ7 Струга успеа да се одели резултатски со мини серија од 3:0 и истата успеа да ја зачува до крајот на натпреварот. Во 57. минута имаа и максимални пет голови разлика со што веќе беше решен победникот на ова градско дерби. До крајот следеше мало опуштање на тимот на КЛ7 ,  па РК Струга постигна три а КЛ7 само еден погодок за конечни 28:25.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Симоноски кој постигна 11 погодоци, додека Гучески постигна осум, Стојков пет а Џигероски го заврши натпреварот со два постигна погодоци.  И покрај тоа што имаше неколку лошо фрлени контри, во вистински момент Петрески беше одличен на голот со што помогна КЛ7 Струга да се „одлепи“ на плус пет голови разлика. Кај РК Струга најдобар поединец беше Ненад Костески кој пред неколку дена потпиша за хрватскиот шампион РК Загреб

Со оваа победа КЛ7 Струга останува на првата позиција и е се поблиску до пласман на финалната завршница во кадетска конкуренција

КЛ7 Струга – РК Струга 28:25 12:12

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски, Диноски, Џигероски 2, Негриески, Стрезоски О, Гучески 8, Христоски 1, Шулески, Симоноски 11, Бочески, Ѓорговски 1,  Стојков 5, Стрезоски Н, Ѓоргиевски.

Седмерци: 4:2 Исклучувања: 10 мин Црвен Картон: Мартин Дуноски

Извор и фото : КЛ7 Струга

 

Facebook Коментари

error: