Кадетите на КЛ7-Струга со убедлива победа во градското дерби

- Локални, Спорт
727

По паузата, викендов повторно на терените се вратија кадетите на КЛ7.  Први одиграа КЛ7 Струга каде во дербито на десетото коло ја совладаа екипата на РК Струга со 38:33.

КЛ7 одлично го отворија натпреварот, прво со серија од 3:0, а потоа и со серија од 8:2 успeаа да дојдат до убедлива предност која беше недостижна за РК Струга.На полувреме резултатот беше 21:12.

Вториот дел продолжи во ист ритам па во 40. минута кадетите на КЛ7-Струга ја имаа највисокоата предност од  35:20, што беше доволна причина тренерот Коцарески шанса да им даде и на најмладите во екипата.

На крајот конечниот резултат гласеше 38:33. Кадетите остануваат со 100% учинок во кадетска конкуренција, ова беше нивна деветта победа и моментално се на првата позиција со пет бодови повеќе од второпласираниот ГРК Охрид

КЛ7 Струга – РК Струга 38:33 (21:12)

КЛ7 Струга: Галевски, Котевски, Мишевски 5, Дуноски 4, Џигероски, Негриески 1, Маркоски, Христоски 4, Шулески 2, Јованоски, Бочески 4, Тутенкоски, Ѓорговски 9, Ортаковски, Костовски 9, Мариноски

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 8 мин

Извор: КЛ7.mk

Facebook Коментари