Камелеон: „Ќе имаме ноќ за паметење, Ве очекуваме утре на големиот концерт“

- Забава, Локални
160

По неколку месечни подготовки, проби со многу гости и комплетно нови аранжмани на песните, утре во Охрид ќе се одржи големиот концерт со кој членовите на групата Камелеон ќе го прослават 20-тиот роденден.

– Зад нас е подолг период во кој активно се подготвувавме за настапот, заедно со гостите кои ќе се појават со нас на бината во сабота. Би сакале да ги поканиме уште еднаш сите кои ја сакаат нашата музика на едно заедничко дружење. Се надеваме дека ќе имаме добра забава и ноќ за паметење, велат членовите на групата.

Во рамките на промотивните активности, изработен е и посебен документарен филм за 20-те години од постоењето на групата, кој ќе се емитува на програмата на ТвМ телевизија, во сабота со почеток во 17:30 часот.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билети се пред распродавање и можат да се купат по цена од 250 денари во „Тамаро 7“ маркетот (АСНОМ) и „Тамаро 6“ маркетот (фабрика „Братство“), како и во музичката продавница ZZ Top.

Strugaonline

Facebook Коментари