Ќе се асфалтираат повеќе улици во село Мислешево

- Локални
1423

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко вчера беше во посета на селото Мислешево како и во просториите на „Силви стил“. Единствена информација која што ја има редакцијата на Strugaonline е дека наскоро ќе започне асфалтирање на повеќе улици во селото. Граѓаните на Мислешово често како проблем ги посочуваа токму неасфалтираните улици, после вчерашната посета на градоначалникот, сосема е извесно дека тој проблем ќе биде решен. Наскоро очекуваме информации за кои улици станува збор како и датумот кога ќе започне процесот.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари