Ќе се гради нов резервоар за вода за пиење во Лабуништа

- Локални
677

Општина Струга во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе изгради нов резервоар за вода за пиење во Лабуништа.

„Општина Струга аплицираше на Програмата за водостопанство за 2018 година со јавен повик од Министерството за животна средина и просторно планирање и доби средства за капитални инвестиции. Општина Струга аплицираше со конкретен проект за изградба на резервоар за вода за пиење од 700 м3 во селото Лабуништа.“ – информираат од општината.

Откако беа исполнети сите услови од конкурсот , Општина Струга доби позитивен одговор  односно средства за реализација на проектот.

Strugaonline

Facebook Коментари