Ќе се зголемува младинската мобилност на средношколци од Струга, Охрид, Дебар, Ресен и Кичево

- Локални
747

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, заедно со шефот на кабинетот Г-дин. Дашмир Насуфи во просториите на Општина Струга одржаа состанок со претставникот на независната фондација RYCO Г-дин. Алберт Хани.

Тема на состанокот беше вториот повик за проекти, на кој ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Струга, Охрид, Дебар, Ресен и Кичево.

Станува збор за проект кој има за цел зголемување на младинската мобилност, како и соработка и активирање на регионално ниво преку неколку информативни сесии.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари