КЛ7 Струга се заблагодари на Кирил Лазаров

- Локални, Спорт
801

Изминатиов викендов во Струга се одигра финалната завршница во пионерска конкуренција.  Екипата, КЛ7 Струга го освои второто место, што е најдобар пласман на една финална завршница.

Овој настан професорот Јаковче Матлиески заедно со ракометарите и родителите од КЛ7 Струга го искористија да се заблагодарат на  капитенот, Кирил Лазаров кој ја препозна работата на Ивни Јуниор и се одлучи да помогне за да создаде уште подобри услови за поголем развој на  децата.

КЛ7 е присутен во Струга од август 2017, каде прво преку школите за ракомет кои работат Дејан и Ѓоко Коцарески, а потоа со младинските екипи на кој тренер е Јаковче Матлиески. Во првата сезона од своето постоење КЛ7 Струга успеа да се пласира на финалната завршница во младинска и пионерска конкуренција, додека наредната сезона веќе оствари пласман во младинска конкуреција, каде  младинците успеаа да го освојат третото место и викендов, пионерите да го остварат најдобриот пласман, вицешампиони. На добар пат за уште еден пласман се и кадетите.

Извор и фото: kl7.mk

Facebook Коментари