КЛ7-Струга славеше над РК Сани во второто коло од пионерската лига на Македонија

- Локални, Спорт
519

Викендов се одигра второто коло од пионерската лига на Македонија во машка и женска конкуренција.

КЛ7 Струга ја оствари својата втора победа, овој пат ја совлада екипата на РК Сани со 23:36.

Стружани го отворија натпреварот со водство од 0:2, како поминуваше времето предноста растеше до максимални девет погодоци пред крајот на првиот дел, односно 8:17.  Во вториот дел нашата предност полека почна да се топи, па пред самиот крај РК Сани дојде до само два погодоци негатива одоносно 23:25. Но немаше време за изненадување и комплетен пресверт па на крајот конечениот резултат беше 23:26

РК Сани – КЛ7 Струга 23:26 9:17

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Спироски, Тутенкоски, Џигероски 2, Илијески, Стрезоски 8, Кочоски 5, Шулески 5, Симоноски, Маркоски 4, Танкоски, Мариноски 2, Домазетоски, Анастасиески.

Извор: КЛ7.мк

 

Facebook Коментари