Клубот ,,3Дисциплни“ со одлични резултати на два натпревари изминатиов викенд

- Локални, Спорт
281
Пливачкиот и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ изминатиов викенд постигна одлични резултати на Интернационалниот пливачки митинг ,,Орион куп“ што се одржа во Скопје и на ,,Трка на поезијата“ во Струга.
 
На купот во Скопје, Матеј Лазороски освои трето место на 50м краул и трето место на 50 м делфин.
Јован Кутаноски освои прво место на 100м делфин и трето место на 100м грбно. Дарија Магдис освои златен медал на 50м делфин и второ место на 50м грбно. Тара Цома освои бронзен медал во категорија 100м слободно.
-Полека се доближуваме со времињата на скопските клубови по само пет месеци пливање.
Нашиот тим овој викенд имаше  многу тешка агенда со натпревари, екипата беше поделена во триатлон Трогир-Хрватска, Трка на поезијата во Струга и Пливачки митинг Орион Скопје. Поради тоа, на овој митинг отсуствуваа дел од нашите шампиони Јаков Хиохи, Јана Билетина, Бона и Мона Кукунешоски, Виктор Опетчески, Матео Мачоски и други, кои имаа други ангажмани -изјави тренерот Никола Кутаноски
На манифестацијата ,,Трка на поезијата“ Бојана Блажеска освои прво место, Алина Исмаилоска второ место,  а Ивона Мојсова трето место. Натпреварувачките  Блерта Хани, Миа Мачоска,
Олса Орани и Мачоска Вања освоија второ место во екипна категорија.
Strugaonline

Facebook Коментари