Книгата „Кардиологијата и спортот“ од д-р Лилјана Лазароска и д-р Оливер Бојчески освен научна, доби и хумана намена

- Локални
1281

Црвен крст на РМ, општинска организација Струга се вклучи во хуманитарната активност по повод објавување на книгата од д-р Лилјана Лазароска и д-р Оливер Бојчески, која носи наслов „Кардиологијата и спортот“. Авторските средства како и средствата од продажбата на книгата целосно беа наменети за лекување на три деца.

„На две од децата контрола требаше да им се направи во Београд, но проф д-р Владислав Вукомановиќ беше присутен на промоцијата на книгата и контролата на две деца ја изврши во Струга при што и самиот се откажа од хонорарот и останатите средства се пренасочија во друга хуманитарна цел. “ – информираат од Црвен Крст-Струга.

Авторите на книгата и на овај хуман гест изјавија дека големината не е само да се напише книга за да послужи за научни цели, туку целта е истата да добие и хуманитарен дух, за да се почуствува во секој од нас, да ја намали родителската грижа како и да предизвика детска насмевка.


Од оваа хуманост насочена кон друга хуманост, тимот на докторите во соработка со Црвен крст Струга средствата ги насочија за  Спецјалната паралелка во ООУ „Браќа Миладиновци“ каде беше одлучено на децата да им биде подарена спорска облека. Во оваа хумана мисија се вклучија и Мега спорт Струга и Етеx 2009 Струга.

Strugaonline

Фото: Црвен Крст- Струга

Facebook Коментари