Koj беше Филип Буловиќ-Липи – голем уметник од Горна Белица познат во целиот свет

- Локални
2421

  Неодамна во своето родно село Горна Белица –Струшко, на семејните гробишта беше погребан големиот уметник од ова село Филип Буловиќ-Липи, кој бил голем авантурист и патник. Ја обиколил сета земјина топка во потрага по убавината. Семејно одселен од Горна Белица во 1920 –тите и роден во Белград 1941 годиона како петти син, беше најмлад студент на белградската Ликовна академија, живееше во Шведска, каде има освоено голем број  награди, се врати во струшко и на местото на куќата на мајка си изгради прекрасно ателје –куќа во Горна Белица, во кое дочекуваше гости и колеги, а најмногу самиот неуморно сликаше.

На прагот на зрелите години, минатото лето во  галеријата на „Вангел Коџоман“ во Струга, ги изложи неговите слики и гвашевите настанати во последните години во Горна Белица – своите преубави визии слободни линии и живи бои какви што се тие од неговиот роден крај.

Липи 50 години твореше храбро и без престан, освојувајќи ја публиката по светот со своите дела. Во Струга минатото лето, дуру и под притисок на годините и на здравствените проблеми, со радост се уживаше во моќта и силата на окото и раката на големиот сликар Филип Буловиќ-Липи.

Академија за ликовна уметност завршил во Белград 1963 година, во класата на професорот Ѓорѓе Андреевиќ Кун.Од 1965 година живее и работи во Стокхолм каде е и добитник на повеќе наградии и признанија. Од 1965 – 1970 бил склуптор-асистент кај професорот Арне Џоунс. Во 2003 г.се враќа во Белград каде што продолжува со својата творечка дејност. Самостојно изложувал  40 пати, а учесник е и на бројни групни изложби. Се занимава со сликарство, графика и мозаик.

Студиски патувања: Италија, Франција, Англија, Холандија, Аустрија, Германија, Грција, Шпанија, Норвешка,Финска, Мексико,Перу, САД, Кина,Тибет.

Текст: Стојан Кукунешоски

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари