Koнцерт на Влатко Груевски-тенор вечерва во Струга

- Локални
672

Вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга концерт ќе одржи Влатко Груевски-тенор во придружба на Андреј Наумов како уметнички соработник. Ова е одлична можност за сите љубители на класичната музика и операта да уживаат во настапот и музичкиот израз на Груевски кој има настапувано на значајни музичко-културни манифестации. Влатко Груевски има дипломирано на факултетот за музичка уметност во Скопје – отсек класична музика и оперски студии.

Концертот ќе започне во 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари