Кошаркарката на ЖКК Струга 2009, Ива Чолакоска кариерата ќе ја продолжи во ЖКК Вардар -Скопје

- Локални, Спорт
1245

Кошаркарката на ЖКК Струга 2009, Ива Чолакоска ( родена 2003-та, висока 182 см, позиција бек-шутер) својата кариера ќе ја продолжи во ЖКК Вардар во Скопје каде ќе настапува за јуниорскиот и сениорскиот тим.

Ива беше најдобрата македонска кошаркарка на европското првенство за кадети и еден од најдобрите стрелци во WABA U 17 како и најдобар стрелец во јуниорката лига на Македонија.

Овие квалификации покажуваат дека станува збор за многу талентирана кошаркарка која се развиваше и градеше спортски токму во редовите на ЖКК Струга 2009, благодарение на советите и посветеноста на тренерот Ѓоровиќ го разви својот талент со напорна работа, труд и посветеност.

Од ЖКК Струга 2009  и посакуваат се најдобро и големи успеси во понатамошната кариера.

Strugaonline

Facebook Коментари