Кошаркарките од Струга забележаа три победи во три натпревари

- Локални, Спорт
678

Koшаркарките на ЖКК Струга 2009 (женски кошаркарски колектив) изминатиов викенд имаа три победи од три одиграни натпревари во различни возрасни групи. Имено, сениорките на ЖКК Струга убедливо ја совладаа екипата на ЖКК Шкупи на гостински терен во Скопје со резултат од 34:82

Со истиот противник во возрасна категорија М-18, тимот на ЖКК Струга забележа победа над ЖКК Шкупи со резултат од 53:84 .

Во категорија јуниорки нашите кошаркарки славеа на гостински терен во Пробиштип против екипата на ЖКК Пробаскет со резултат  52:56.

Strugaonline

фото: архива

 

 

 

Facebook Коментари