Коста Хиохи доби признание за придонес и афирмација во спортот од НГ ,,Паткари“

- Локални, Спорт
958
Навивачката група ,,Паткари“ , на Коста Хиохи ( автор на монографијата ,,Знам за еден град крај езеро“ ) му додели признание за посебен придонес и афирмација на навивачкото движење и спортот во Струга.
-Навивачката група Паткари Струга како општествено одговорна групација секогаш ги вреднувала и признавала сите обиди за унапредување на навивачката култура во градот и афирмацијата на нашата навивачка група во рамките на Република Македонија, но и пошироко.
По тој повод му оддаваме безрезервно признание за посебен придонес и афирмација на НГ Паткари на нашиот другар, пријател и брат Коста Хиохи чиј текст ја афирмираше нашата навивачка група во престижната навивачка публикација “NAVIJACI” и чија монографија за нашата група, не овековечи и сподели со преку четриесет  колекционери на УЛТРА литертура, ширум светот.-информираат од НГ ,,Паткари“
 Од таму додаваат дека оваа плакета се воведува како традиционален трофеј за оние кои ќе ја помогнат во процесот на воздигнување и афирмирање на ,,Паткари“.
,,Ниту еден влог или труд не би бил целосен без соодветно признание. Денеска бев почестен од водството на НГ Паткари со ова, за мене презначајно признание за мојот вложен труд во правец на унапредување на навивачката култура и спортот во градот на две води. Сега, покрај мноштвото спортски дипломи, онаа од факултет, магистратура, ја имам и оваа од спортската трибина и струшката чаршија!“ – вели Коста Хиохи.

На 3-ти октомври минатата година м-р Хиохи ја промовираше монографијата ,,Знам еден град крај езеро“

Истата ја опиша како своевиден паметник на спортскиот живот во градот од настанувањето на првите спортски клубови до денес , а виден и раскажан од обичниот струшки навивач.

Монографијата изобилува со бројни познати и малку познати историски факти за обичните навивачи, и за оние формалните (Карчовци и Паткари), преку 45 интервјуа од навивачи од различни генерации , подржани и разубавени од бројни фотографии (професионални и аматерски). 

Strugaonline

Facebook Коментари