Кривични пријави за две лица поради „силување во обид“ и „разбојништво во обид“ во Струга

- Локални, Хроника
334

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „силување во обид“ и „разбојништво во обид“, криминалистичката полиција при Полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Ќафа и 25-годишниот М.Р. од Пеќин, Република Албанија.

– Казненото дело тие го извршиле на 31-ви декември минатата година околу 18:00 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувалницата, двајцата пријавени физички ја нападнале вработената, 38-годишната К.М. од Струга, а потоа и го барале клучот од касата. На пријавениот Ј.Х. од гостиварското село Ќафа, на втори јануари оваа година, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена поради сторено казнено дело „убиство“ извршено на 29-ти декември минатата година во угостителски објект во Кичево, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари