КУД „Илинден“-Струга освои прво место на Меѓународен фестивал во Полска

- Локални
1468

КУД „Илинден“-Струга изминатиов викенд во најдобро можно светло ја претстави Македонија на Меѓународен фестивал кој се одржа во Здунска Вола , Полска.

Во силна конкуренција од дванаесет ансамбили, КУД Илинден го освои првото место во категоријата за деца до 15 години.

„Македонската игра и песна ја крена целата публика на нозе, сите беа воодушевени од енергијата и динамиката со која нашите деца одиграа. Беа воодушевени од прекрасниот колорит на нашата носија која никој не остави рамнодушен. Секој доаѓаше со прашање: “Можам ли да ја допрам?!”. Нашиот штанд за презентација на Македонија беше преполн и најпосетен. Во Здунска Вола беше гордост да се биде Македонец.“ – велат од КУД Илинден.

Неодамна,  друштвото прослави триесет и пет години постоење, а со ваквите успешни настапи надвор од нашите граници само покажуваат дека се вистински амбасадори и горди претставници на Македонија кога станува збор за фолклорната уметност во нејзината најсофистицирана смисла.

Strugaonline

Facebook Коментари