Лице од с.Теферич пронајдено мртво кај реката Сатеска

- Локални, Хроника
250

На 10.07.2018 година околу 08,40 часот било пријавено дека во Струга кај мостот на реката Сатеска во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од с.Теферич- струшко. Бил извршен увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото  на починатиот било предадено за обдукција.-информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари