Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Струга

- Локални
1503

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицковски, вчера одржа средба со граѓаните на Струга како и состанок со општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Струга.

После средбите, Мицковски на својот официјален Facebook профил напиша:

Секаде каде што стапнав во Македонија го добивам истиот одговор. Македонија се наоѓа во тешка криза. И Струга и стружани го живеат тешкото секојдневие. Со нив се видов ова попладне. 
Единствена работа што во овој момент расте и единствена работа што во овој момент се движи напред се бизнисите на картелот на власт, единствена работа што во моментот се сее, се плантажите со марихуана на Заеви, единствена работа што цути се “пупките во судството” што на Зоран Заев му овозможија ослободителна пресуда. Тоа е единствено што оди напред додека се друго назадува. И затоа народот живее полошо. Велат од власта дека Македонија немала имотен лист, еве јас ќе им порачам Македонија не е дивоградба, Македонија има свој идентитет и свој јазик кое е стекнато право, и никој нема право по цена на достоинството на овој народ, и интересите на нашата држава да прави пазар.
Македонија мора да оди напред, Македонија мора да победи. ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите и нашиот план, нашата програма ќе биде нашиот завет за подобра иднина.
стои во објавата на Мицковски

Facebook Коментари