Лидија Мојсоска: Фестивалот „Енхалон“ Струга ќе ја доближи до атмосферата и духот на Берлин и други метрополи

- Забава, Локални
196

Вчерва во Струга започнува првото издание на Интернационалниот фестивал на современа музика и дигитални уметности „Енхалон“. Фестивалот е во организација на културни работници сплотени во здружение „Багер“ од Струга и Фестивал „Деоснанс“ од Скопје. Лидија Мојсоска од студиото на Play radio најави богата  културно-уметничка и музичка програма во која ќе ужива бројна публика.

Play radio: Со оглед на тоа дека ова е прво издание на фестивалот „Енхалон“, од каде дојде идејата за фестивал од ваков вид и која е целта на истиот?

Лидија Мојсоска: Идејата ја добивме ние, културните работници, дојдовме до заклучок дека на Струга и треба нешто ново. Сметаме дека е потребно да се направи добра промоција на новите, современи уметнички текови по теркот на Берлин и другите современи градови и метрополи. Ние не сме метропола но целта ни е да го доближиме тој дух и таа атмосфера токму до нашата Струга.

Play radio: Имате навистина набиена агенда. Да ја најавиме програмата за сите оние кои се уште не се информирани доволно.

Лидија Мојсоска: Фестивалот го отвара Ancient Methods во струшкиот хангар кој е дел од Центарот за култура во Струга, потоа во раните утрински часови фестивалот се сели на 12 часовна афтер журка на плажата Ливадиште каде ќе настапат 12 интернационални и домашни артисти, целиот настан ќе биде пренесуван во живо на британското Threads радио, од 20:00 часот фестивалот продолжува на отворената летна сцена од центарот за култура во Струга каде како хедлајнер е најавена берлинската диџејка Daniela La Luz. За оние кои ќе имаат се уште енергија. журката не завршува тука, 2 часа после полноќ, во сабота програмата продолжува на крстарење со брод по Охридското езеро со што и завршува овогодинешното издание на Енхалон. На бродот како хедлајнер е најавен полскиот диџеј и продуцент Glos кој ќе има неколку часовен лајв сет. На сите кои ќе дојдат им препорачувам да бидат таму со многу позитивни вибрации но и многу енергија бидејќи тоа ќе биде журка без престан!

Play radio: Фестивалот „Енхалон’ го организирате за публиката, колку сте задоволни од продажбата на билети и дали има гости од други градови кои дошле во Струга токму поради овој фестивал?

Лидија Мојсоска: Ќе има публика која е запознаеана со значењето на артистите кои доаѓаат во Струга  но и публика која ќе биде таму затоа што има некој настан. Сите ги поканувам да дојдат, бидејќи нудиме нешто што навистина вреди да се види слушне и доживее. Задоволни сме од продажбата на билетите, но кај нас и понатаму преовладува навиката билети да се купуваат во последен момент. Но, на сите оние кои ќе дојдат вечерва им препорчувам да ги посетат продажните места во Струга и во Охрид или да купат билет онлајн во текот на денот за вечерва да имаме ред и да нема многу гужва на билетара. Инаку имаме и очекуваме многу гости од другите градови од земјава, речиси сите сместувачки капацитети во Струга се пополнети токму за „Енхалон“.

Play radio: Во неформален разговор ми споменавте дека веќе имате концепт и идеја за следното издание на „Енхалон“ што значи дека фестивалот од година во година ќе прераснува во традиција и ќе го најде своето место во културниот живот во Струга. По што ќе биде различен фестивалот следната година?

Лидија Мојсоска: Ние сакавме уште од оваа година да започнеме со промовирање на современи уметнички форми и артисти кои делуваат во истите,не само во областа на видео-инсталациите туку сакаме да воведеме и новитети како 3D мапинг и VR, но оваа година не бевме во можност тоа финансиски да го реализираме, па од следната година се надевам дека ќе успееме уште повеќе да го подигнеме нивото. Тоа е нешто што стружани не го виделе до сега, а и во Македонија е ретко. Се надевам дека следната година тоа ќе ни успее и фестивалот ќе биде за две до три скалила на повисоко ниво.

Извор: Play radio

Strugaonline

 

Facebook Коментари