Лишен од слобода 49 годишен жител од селото Октиси

- Локални, Хроника
807

На 21.09.2022 во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Д.(49) од струшкото село Октиси затоа што во близина на Општата болница во Струга со метален предмет го нападнал А.Ш.(54) од селото Октиси.

Претходно, околу 12.00 часот тие биле пријавени дека во селото Октиси го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари