ЛТХ Леарница Охрид вработува финансиски соработник

- Локални, Маркетинг
978

„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. SLO

Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок,  машинска обработка на одлеаноците и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на новоотворените работни места:

финансиски соработник

Квалификации:

Високо образование (препорачливо Економски факултет),  работно искуство во областа ќе се смета за предност , како и искуството во автомобилска индустрија, солидни познавања од областа на компјутерски алатки: Windows, MS Office (Word, Excel, Power Point, Outlook), познавање на законодавството од областа.

Одговорности:

  • Извршување на редовни административни активности во доменот на финансии
  • Подготовка, изработка и усогласување на интерните прописи и упатства
  • Проверка и анализирање на состојбата во областа која ја покрива како и изработка на предлози за подобрување
  • Одржување на точни датотеки на сите дневни трансакции
  • Прием, книжење на влезна/излезна материјална и финансиска документација
  • Соработка со надворешни институции од областа која ја покрива и помош при учество во финансиски аудити
  • Стручна поддршка на останатите фабрики од групацијата, сектори и служби
  • Подготовка, ажурирање и анализа на финансиски извештаи
  • Асистирање во работните задачи на финансискиот менаџер

Останати ad-hoc активности кои се презентираат.

Работа само претпладне, 40 часа неделно/8 часа дневно во административни капацитети на компанијата, задолжително носење заштитна опрема во производство. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001

Вашите апликации можете да ги испратита на адресите погоре најдоцна до 11/04/2021 година и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

[email protected] | www.linkedin.com/company/lth-castings/ | [email protected]

Facebook Коментари