LTH Леарница Охрид вработува: Стручно лице за безбедност и заштита при работа

- Локални, Маркетинг
2316

LTH Леарница Охрид вработува стручно лице за безбедност и заштита при работа.

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на технички науки (дипл. градежен инженер, дипл. машински инженер, дипл. електро инженер, дипл. инженер по хемија, дипл. инженер технолог итн.) или друг отсек кој одговара на дејноста на работодавачот
  • Положен стручен испит за безбедност и заштита при работа
  • Работно искуство во областа на безбедност и заштита при работа ќе се смета за предност
  • Солидни познавања од областа на компјутерски алатки: Windows, MS Office (Word, Excel, Power Point, Outlook)
  • Познавање и имплементација на ISO 14001 и OHSAS 18001 стандарди
  • Познавање на законодавството од областа на животната средина
  • Поседување валиден пасош кој има над 6 месеци важност пред истек
  • Познавање на позитивните правни прописи во Македонија врзани за областа на безбедност и заштита при работа.

Потребни вештини:

  • Тимска работа, одлични комуникациски и аналитички способности
  • Организираност и систематичност во работата, внимание кон детали
  • Интерперсонални вештини

Одговорности:

  • Развој, мониторинг, имплементација и аудит на постапките за безбедност и заштита при работа
  • Одржување и возобновување на процедурите за заштита при работа внатре во организацијата во корелација со актуелните регулаторни политики
  • Проценка на ризик и намалување на ризиците
  • Водење евиденција на инциденти, повреди при работа и подготовка на извештаи за врвниот менаџмент на организацијата
  • Во чекор со новите легислативи и презентира активно знаење
  • Спроведува обуки: индукција, повторување и вежби
  • Ја претставува организацијата пред надворешни аудитори, инспекциски тела и соработници во областа
  • Ја подобрува здравата и безбедносна култура во организацијата преку зголемување на свеста кај вработените
  • Останати ad-hoc активности кои се презентираат

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни и административни капацитети.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок на поднесување CV на долунаведените адреси:  30.11.2019 год.

 

[email protected] | www.lthcastings.com/careers

 

*Согласно Законот за Заштита на лични податоци, Ве молиме во самата апликација да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат  во Одделот за човечки ресурси по истек на активниот оглас каде што  ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар и ќе се чуваат во рок од една година. Во спротивно, ке бидат уништени по самиот истек на огласот.

StrugaOnline

Facebook Коментари