LTH Леарница Охрид вработува…….

- Локални, Маркетинг
269

 

LTH Леарница Охрид вработува Електротехничар во одделот за Одржување

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Средно Образование  (електро техничар, енергетичар);
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Основно познавање на англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност;
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност;
  • Желба за едукација и надградба;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
  • Ефективна вербална комуникација.

ОДГОВОРНОСТИ

  • Поврзување на машини на интерната електрична инсталација
  • Периодични и превентивни прегледи и поправки на електричните и електронските уреди, но и на опремата за работа и нејзините составни делови
  • Монтажа на електро-опрема
  • Мерење, контролирање и определување на мерните единици
  • Уредување на документацијата и дополнување на шемите на струјните кола на електро-опремата на машините, уредите и инсталациите при промени и додатоци
  • Грижа за чисто и уредно работно место
  • Почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Нудиме можност за континуирани обуки и тренинг, како и можност за работа на машини со различни автоматизации, се работи во смени во производни капацитети. Ви следува топол оброк; додатоци на плата за сменска работа и услови за работа, платени трошоци за превоз од и до работно место; регрес за годишен одмор; новогодишни надоместоци; награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 15/01/2020.

 

LTH Леарница Охрид вработува ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА ВО ОДДЕЛОТ НА MАШИНСКА ОБРАБОТКА

Одговорности:

  • познавање на основните правила за стартување и работењето на машините за обработка
  • основно опслужување на машините за обработка со определени одлеаноци
  • прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
  • познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:

III. степен, насока: металопреработувачка  без искуство (Машински Техничар)

  1. степен, насока: металопреработувачка без искуство (Машински Техничар)

Средно образование, друг профил.

Вештини:

  • прецизност
  • соработка со останатите
  • снаодливост
  • организација на сопствената работа
  • осет за простор и чистота

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа и услови за работа
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 15/01/2020.

Ве очекуваме!

StrugaOnline

Facebook Коментари