LTH Леарница вработува, ова се отворените работни позиции

„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. Slo

Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок,  машинска обработка на одлеаните делови и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на НОВООТВОРЕНИ работни места:

Оператори на машини

Квалификации: Средно образование од сите профили

Способности: Брзо совладување на нови вештини

Техничари во оддел за контрола на квалитет

Квалификации: Средно образование/владеење на компјутерски алатки

Способности: Брзо совладување на нови вештини

Леари

Квалификации: Средно образование од сите профили

Способности: Брзо совладување на нови вештини

Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Вашите апликации можете да ги испратите на: www.lthcastings.com/careers до 14.8.2022 и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

 

Слободно работно место: Технолог-Технолог роботичар

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
• Калкулација и дефинирање на технолошки параметри
• развој и изработка на технологии за автоматизирани системи
• Ја прати реализацијата на производниот процес, ја контролира оперативноста на машините и носи одлуки околу евентуалните промени во технолошките параметри
• Следење на оперативните постапки, критичните параметри заради усогласување со стандардните параметри
• Развој и конструкција на опрема за автоматизирани системи
• Изработка на програми за контрола PLC
• Допринесува во воведувањето на новитети во производниот циклус, со цел намалување на трошоците и континуирано подобрување на системот
• Креира упатства за производните процеси
• Одговорен за реализација на оптимизација на нови производни процеси, како и за организација, надгледување и анализа на сите недостатоци, предлага најдобри решенија
• Обучување на вработените при работа со автоматизирани системи
• Извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот

Од кандидатите очекуваме:
Квалификации:
• Универзитетска диплома од техничките науки / апсолвенти (предност имаат кандидатите од технолошко-металуршките науки)
• Познавање и активна примена на англискиот јазик
• Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
• Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
• Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.

Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно / работа во 2 смени / дежурство . Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид производни капацитети.

На избраниот кандидат му нудиме:
• Соодветен месечен надоместок, дополнително додатоци за сменско работење, дежурства
• Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
• Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• Исплата на новогодишен надоместок, обезбеден топол оброк
• Доброволно приватно здравствено осигурување
• Награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок за пријава : 31/08/2022 на https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Facebook Коментари