ЛТХ Леарница вработува, ова се слободните работници позиции

- Локални, Маркетинг
727

За сите идни и веќе дипломирани инженери нудиме можност да бидете дел од идентификацијата, анализата и имплементирањето решенија во производствените процеси, вклучително анализа на трошоци, автоматизирање на процесите и решавање на комплексни проблеми, преку континуирана соработка и поддршка од страна на тимот инженери за развој во LTH Castings d.o.o.

ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид вработува:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ

(Производно инженерство, Термичко инженерство, Индустриско инженерство, Автоматизација и управувачки системи, Машинство, Хидраулично-енергетско инженерство)

 Квалификации:

  • Дипломирани машински инженери / дадена предност со работно искуство како машински инженер во автомобилска индустрија
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик (германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација, аналитичност и способност за работа со рокови

Одговорности:

  • Истражување и иновативност, прибавување и анализа на податоци, како и презентација на резултати
  • Проценка и следење на трошоци, ризици и безбедност
  • Исполнување на барањата и елиминирање на грешки
  • Употреба на дигитални алатки во работењето
  • Проценка на перформанси на машински компоненти, уреди и направи
  • Одржување на усогласеност помеѓу интерна, законска и регулативата на купувачите

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Останато:

  • Почетен месечен надоместок, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
  • Покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати

 

ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид овозможува:

10 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ

НУДИМЕ: 

  • Стипендија во висина од 60.000 денари годишно
  • Работење под стручно менторство (практична обука, помош при изработка на семинарски, истражувачки, дипломски и магистерски трудови
  • Финансирање на дополнителни едукации
  • Вработување по завршувањето на студиите

ПРИЈАВАТА ТРЕБА ДА СОДРЖИ:

  • Молба и кратка биографија – CV
  • Уверение за положени испити и копија од прва страна на индекс
  • Оригинална потврда за упис 2021/2022
  • Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или спонзорство

Можност за аплицирање имаат студентите со просечна оцена 8 од II, III и IV студиска година, додипломски студии на следните образовни установи:

  • Универзитет “Св.Кирил и Методиј” – Скопје
  • Машински факултет – Скопје
  • Факултет за електротехника и информациски
  • Технологии (ФЕИТ) – Скопје
  • Универзитет “Св.Климент Охридски” – Битола
  • Технички факултет – Битола

*Пријавите со комплетната документација можете да ни ги пратите на веб адресата :

www.lthcastings.com (под категоријата >Вид на  вработување< означете го полето “ Стипендирање”, или на  [email protected]  со назнака “Стипендии МК”.

„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. SLO

Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок,  машинска обработка на одлеаноците и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на новоотворените работни места:

Електро одржувачи:

Квалификации: Средно стручно образование – електроника/енергетика

Способности: Познавање електро-шеми

 

Мерачи во одделот за контрола на производ:

Квалификации: Средно стручно образование – техничка насока

Способности:  Аналитика, дигитална писменост

 

Технолози на одржување:

Квалификации: Високо машинско образование/апсолвенти

Способности: Управување со време и притисок/ориентација кон решавање проблеми

Посебни барања: Брз одговор при итни ситуации.

 

Контролор на леење под висок притисок:

Квалификации: Средно стручно образование – металопреработувачка/техничка насока

Способности: Прецизна комуникација, логика и аналитика.

 

Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Вашите апликации можете да ги испратита на адресите погоре најдоцна до 26/03/2021 година и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 90 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари