LTH Леарница вработува технолог, пријавете се!

- Локални, Маркетинг
192

LTH Леарница има потреба од технолог

 Потребни квалификации:

  • Средно образование од техничките струки со 2-3 годишно работно искуство, предност имаат кандидатите доколку искуството го стекнале во автомобилската индустрија.
  • Високо образование од техничките науки без искуство
  • Знаења од областа на хидраулика и пневматика

Одговорности:

 

  • Познавање на работењето на машините, алатите и опремата
  • Познавање на организациските, технолошките и контролните прописи и документацијата на работното место, подготвеност за споделување на знаењето.
  • Пропишување технолошки постапки и упатства за работа
  • Спроведување тестрирања и проценки за развојните и повторените алати и опрема
  • ФМЕА анализа и соработка при изработката
  • 8D извештаи
  • Останати ad-hoc активности кои се презентираат

 

Потребни вештини:

  • Тимска работа, одлични комуникациски и аналитички способности
  • Организираност и систематичност во работата, внимание кон детали
  • Иновативност
  • Интерперсонални вештини
  • Самоиницијативност

 

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок на поднесување CV на долунаведените адреси:  31/08/2020 год.

[email protected] | www.lthcastings.com/careers

*Согласно Законот за Заштита на лични податоци, Ве молиме во самата апликација да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат  во Одделот за човечки ресурси по истек на активниот оглас каде што  ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар и ќе се чуваат во рок од една година. Во спротивно, ке бидат уништени по самиот истек на огласот.

 

Facebook Коментари