Маркоска и Јованоска донесоа победа за ЖРК „Стружанка“ против фаворитот „Пелистер“

- Локални, Спорт
981

Во второто коло од Женската лига, ракометарките на „Стружанка’ ја совладаа екипата на фаворитот Пелисер пред својата публика со резултат 22:20.

Овој натпревар ќе биде запаметен по неверојатниот учинок на Маркоска и Јованоска кои буквално самите ги победија бидејќи постигнаа дури 17 од 22 гола на Стружанка.

Натпреварот течеше неизвесно во првиот дел кога Стружанка поведе со 5:2, а потоа противникот имаше серија во која успеа и да поведе со резултат 8:7. Потоа Стружанки се вратија, за на одмор да отидат со резултат 12:11

Ниту во вториот дел од натпреварот не изостана спортската возбуда. Пелистер последен пат водеше со 19:18, кога Стружанка направи серија од 3:0 и епилогот беше победа на нашите ракометарки со резултат 22:20.

СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР           22:20 (12:11)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

СТРУГА: Ѓоќеска, Митоска, Дукоска, Јовичинац, М. Вранишкоска, Маркоска 9, К. Вранишкоска, Јованоска 8, Дурацоска, Јоноска 1, Затуроска 2, А. Петреска, Чушкоска 1, М. Петреска, Делиоска 1.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.

ПЕЛИСТЕР: Дурланова, Кицеска, Каковска, Божиновска 2, Апостолоска, Раиф, Глигоријадис 5, Николовска 2, Милосављевиќ, Талевска, Чокели 1, Филипоска 3, Белевска, Јанкуловска 5, Каранфиловска 2.

Strugaonline

фото: ЖРК Стружанка

 

Facebook Коментари