Меѓународен фестивал „Фолклорен мост“ вечерва во Струга

- Локални
723

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва во 20:00 часот ќе се одржи меѓународниот фестивал „Фолклорен мост“.

Традиционално манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од земјите на Балканот и тоа:
ФУГ “Мотајички вук“ – Србац
КУД “Џердан“ – Трн, Бања Лука
Фолклорна секција “Расавци“ – Приједор
ФА “Мегдан“ – Богданци
КУД “Моминок“ – Прилеп
ФА “Мислешево“ – с.Мислешево
КУД “Соко“ – Инџија, Р. Србија
КУД “Дримкол“ – Вевчани
КУД “Младост“ – Јосифово
КУД “Извор“ – Јегуновце
КУД “Илинден“ – Струга
Женски народен хор “КЕЛАРА“ – Провадија
ФА “Зорница“ – Константиново, Варна

Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Strugaonline

Facebook Коментари