Меѓународниот и државен натпревар во триатлон во Струга ќе се одржи на 20-ти август, доби поддршка од Општина Струга

- Локални, Спорт
530
Градоначалникот Мерко оствари средба со претставниците на Триатлон и пливачкиот клуб ,,3 Дицсциплини“.  На средбата се разговараше за традиционалниот Меѓународен и државен натпревар во триатлон што оваа година ќе се одржи на 20-ти август.
-Општина Струга предводена од градоначалникот, г-дин Рамис Мерко, ќе го поддржи овој спортски настан, како што го поддржува спортот воопшто во Струга.-стои во општинското соопштение.

,,На наше огромно задоволство, и оваа година градоначалникот Рамиз Мерко и општина Струга ќе бидат едни од нашите помагатели и поддржувачи. На средбата  беше презентирана досегашната работа на нашиот пливачки клуб кој има неверојатна бројка од 314 члена во летниот период (со вкупно членови од пливачкиот клуб,пливачката школа и триатлон клубот) кој како единствен пливачки клуб во изминатите седум  години ја претставува нашата Струга и нашата земја Македонија на пливачките митинзи во земјава и странство, а вооедно  ја има најдобрата летна пливачка школа .Беше разговарано за потребата од отворањето на затворениот пливачки базен во Струга и колку тоа ќе го врати спортскиот дух и пливањето како спорт во Струга.“-изјави за Strugaonline Никола Кутаноски, тренер во клубот ,,3Дисциплини“.

Меѓународниот и државен натпревар во триатлон во Струга негува традиција од 2010 година, за овогодинешното издание подетални информации за пријавување и мапи ќе следуваат наскоро.

Strugaonline

 

Facebook Коментари