Mладата флејтистка Леона Тороманоска, ученичка во Основното музичко училиште-Струга, освои втора награда на петтиот Меѓународен фестивал за млади со натпреварувачки карактер ,, Сергеј Михајлов” што се одржа во Штип.
Леона има 13 години, флејта изучува од септември 2023 година во класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски.
-Мојата ученичка се натпреваруваше во категорија флејтистки родени 2011/2012 година, а втората награда ја освои во конкуренција од 11 флејтистки од цела Македонија со 83,25 поени. Ова не е нејзино прво натпреварување, претходно учествуваше и на Меѓународниот натпревар за Камерна музика КМК во Кавадарци, а има учествувано и на општински и на регионален натпревар. На општинскиот и на регионалниот натпревар освои прва награда, а на натпреварот во Кавадарци освои втора награда заедно со Трио ,,Енхалон“ во кое освен Леона, членуваат и флејтистките Ера Зиба и Флутурије Бајрами. Посветената работа од нејзина и моја страна дава одлични резултати. Така ќе продолжиме и во иднина-вели за Strugaonline професорката Светлана Богданоска Ристоски.
Фестивалот ,,Сергеј Михајлов” е познат по силната конкуренција, Учесници од Македонија и странство се натпреваруваа во дисциплините класична музика, теоретски предмети, поп и џез, традиционални инструменти и вокално инструментални состави.
Aктивностите за оваа учебна година во ОМУ-Струга продолжуваат. Следен предизвик им е Државниот натпревар што ќе се одржи следната седмица во Битола.
Strugaonline
Facebook Коментари