Младата стружанка Викторија Клечкароска е прогласена за Принцеза на галаксијата

- Занимливо, Локални
3915

Во народниот театар во Банско, Бугарија се одржа изборот за убавина „Little Мiss&Мister Galaxy 2018.“ Претставничка на Македонија беше стружанката Викторија Клечкароска која има само 11 години, а веќе успешно чекори по модните писти и е дел од модното студио „Црнокрак“.

Клечкароска ја понесе титулата Little princess Galaxi 2018-Принцеза на галаксијата. На изборот учествуваа деца од целиот свет и имаше голема конкуренција. Викторија исто така доби покана да учествува на избор за најубава принцеза кој ќе се одржи во Грузија. Менаџерка од Бугарија на Клечкароска и понуди соработка за нејзино претставување во Италија и Франција.

Струга треба да биде горда што има свој претставник на големи модни настани.

Strugaonline

Facebook Коментари