Младинците на КЛ7-Струга загубија од фаворитот Металург

- Локални, Спорт
726

Овој викенд се одигра четвртото коло од машката младинската лига на РФМ.  Нашите кадети од Струга за противник го имаа фаворитот Металург.

Првото полувреме  припадна на екипата на Металург, имаа резултатска и играчка контрола на натпреварот. Во 15 минута дојдоа до четири погодоци разлика 10:6, но нашите момци не се предаваа, па успеаа да се вратат во игра и да намалат на 12:10. Но, повторно следеше нова серија од 3:0 на домаќинот и дојдоа до предност од пет погодоци односно 15:10. До крајот на првиот дел КЛ7 Струга успеа да намали на  16:13.

Во вториот дел младите стружани играа многу подобро па успеаа да се вратат во игра и да намалат на само еден погодок односно 21:20, до крајот на натпреварот КЛ7-Струга не му дозволи на  противникот да се одлепи, но не успеа да израмни. Се играше гол за гол се до последниот напад. Во 59 минута нашите ракометари имаа напад за израмнување, но Металург се одбрани и постигна гол за конечни 32:30

Ова беше прв пораз на  младинци од Струга. Во наредното коло на домашен терен ја пречекуваат  екипата на Бутел.

КЛ7 Струга: Мишевски 3, Дуноски 2, Стрезоски, Христоски 4, Галевски, Шулески 1, Симоноски, Тренески, Борчески 1, Ѓоргоски 7, Костовски 10, Ѓоргиевски 1 и Ортаковски.

Извор: kl7.mk

Facebook Коментари