Младинците на РК Струга со убедлива победа против РК Радовиш

- Локални, Спорт
830

Mладинците на РК Струга носат радост за љубителите на ракометот во нашиот град. Овој пат тие ја совладаа екипата на РК Радовиш со резултат 50:23. Самиот резултат покажува дека младинците на РК Струга имаа целосна доминација на овој меч и убедлива разлика која што ја одржуваа цело време почнувајќи од првото полувреме кое заврши со резултат 28:11.

Во второто полувреме стружани само ја потврдија победата.

Strugaonline

Facebook Коментари