Младинците на РК Струга убедливо славеа над РК Јуниор од Скопје

- Локални, Спорт
1339

Во рамките на првото коло од машката младинска ракометна лига, младинците на РК Струга во интересен натпревар со многу голови ја совладаа екипата на РК Јуниор од скопска Кисела Вода.

На полувреме резултатот беше 21-18 за нашите млади ракометари кои играа на домашен терен, а на крај славевме со резултат 36-31. Најдобар во младинскиот тим на РК Струга беше Кристијан Трајкоски со 11 постигнати голови.

Strugaonline

Facebook Коментари