Младинска работилница за предрасуди утре во Струга

- Локални
849

Утре во хотел Београд во Струга ќе се одржи работилница на тема „Предрасуди по основ на етничка/и  припадност(и)“. Оваа работилница е подготвена и водена од двајца тренери и Мировна акција. Ќе учествуваат 20 ученици од Охрид и Струга.

Цели на работилницата се: освестување на сопствените предрасуди за различни групи на луѓе; освестување за предрасудите кои постојат во општеството за различни групи на луѓе; промислување од каде потекнуваат предрасудите; промислување за врската помеѓу предрасудите и дискриминацијата; поттикнување на чувството на емпатија и солидарност со различните од себеси; промислување како може да се делува да се срушат предрасудите кои постојат и да се гради поправедно општество.

Начините на работа се базираат на користење на методи и техники од неформалното образование за интерактивно, партиципативно и искуствено учење: индивидуална работа, работа во мали групи, искуствени вежби, заедничко промислување во пленум преку бури на идеи и ѕидни весници, дискусии во пленум, барометри, игри итн.

Активноста ја организират група ученици од Охрид од гимназијата и економското средно училиште.

Активноста се организира во рамки на проектот ”ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА” поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна здружението Локална агенција за развој – Струга.

Почетокот е закажан за 12:30 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари