Младиот Методија Столески од Струга освои низа награди на фолк-фестивали

- Локални, Музика
1571

Мeтодија Столески од Струга е најмладиот фолк-пeјaч во Македонија кој на сите фестивали на кои учествува добива награди и признанија за својот квалитет и талент.

Изминативе две недели,  Столески настапи на три фестивали. На фестивалот „Пирин Фолк 2018“ со песната „Три пиринки“,  ја доби наградата за најдобар пејач. Нагрда доделена од страна на „Fen Folk TV“. Со песната „Срце печалбарско“, Методија се претстави на „Лешочки фолк фест“ (ревијален фестивал), а на овогодинешното издание на фестивалот „Охрид-фест, Охридски трубадури“ Методија доби награда за најдобар дебитант настапувајќи со песната „Мостови“.

Методија Столески со музика се занимава уште од најмала возраст, и е познат во музичките фолк кругови, како исклучително талентиран фолк пејач.

Strugaonline

Facebook Коментари