МВР објави детали за вчерашниот инцидент во ОЕМУЦ „Св. Климент Охридски“

- Локални, Хроника
453

МВР објави детали за вчерашната престрелка во ОЕМУЦ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

На 31.01.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во средното училиште ОЕМУЦ „Св.Климент Охридски“, за време на големиот одмор, по претходна расправија, ученикот Б.З. (17) извадил импровизиран пиштол и пукал кон А.И. (16), при што му нанел телесна повреда на А.И. во пределот на раката, по што си пукал во пределот на главата. Б.З. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Охрид. Се работи на расчистување на случајот.
Извор: МВР
фото: архива

 

Facebook Коментари